Алијансата на Албанците обвинува дека градоначалникот Мерко ги напаѓа нивните канцеларии

- Локални
843

Oд Алијансата на Албанците обвинија дека градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко,  ги напаѓа нивните канцеларии и како што велат се обидува да привлече внимание кон неговите неуспеси.

Општина Струга преку соопштение до медиумите одговори на обвинувањата:

Општина Струга ги известува граѓаните на Струга во врска со денешниот настан, дека обвиненијата од страна на Алијансата на Албанците се неосновани.

Општина Струга, т.е градоначалникот на Струга пред 15 години потпишал договор со Демократската партија на Албанците (ДПА) за користење на просториите или канцелариите на општината од страна на ДПА.

Градоначалникот Рамис Мерко заедно со претставници на ДПА, имат потпишано нов договор за употреба на истите простории, бидејќи тие веќе се дел од општината и треба да се користат како такви. – стои во дописот од Општина Струга.

Strugaonline

 

 

Facebook Коментари