Лев банер Десен банер

Амбасадорот на Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш гостин на здружението за планински велосипедизам РУПИКАПРА МТБ Струга

Вчера во Струга амбасадорот на Словачка Н.Е. Хенрик Маркуш беше гостин на здружението за планински велосипедизам РУПИКАПРА МТБ Струга, Struga Eagles и IronManStruga.

Амбасадорот е голем вљубеник на планинскиот велосипедизам и природата воопшто. Вчерашната тура ја искористи да се запознае со убавините на Струга и планината Јабланица, заедно со струшките велосипедисти возеа низ Вишни, Горна Белица, Вевчани, Подгорци, Лабуништа и Таш Маруништа.

Наредниов период амбасадата на Словачка заедно со Рупикапра ќе ја интензивираат соработката а се со цел промоција на Струга на картата за планински велосипедизам.

StrugaOnline

error: