„Креативни разговори: Уметноста на карикатурата“ e насловот на настанот што во петок ќе се одржи во Американско катче-Струга, а ќе гостува американска карикатуристка Робин Швартзман.
Како што најавуваат организаторите, присутните ќе имаат единствена можност да се запознаат со Робин додека таа го споделува своето уметничко патување и открива како креирањето карикатури може да стане можност за работа или ново хоби.
-Споделете ги вашите искуства како уметник, иден уметник или хобист во цртањето-повикуваат од Американското катче Струга.
Настанот ќе се одржи во 12:00 часот, на англиски јазик и е отворен за сите заинтересирани кои своето присуство можат да го потврдат најдоцна до утре.
Strugaonline
Facebook Коментари