Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, пo суви коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП „Табановце“ време на чекање за влез во државата е околу половина час, а на ГП „Богородина“ време на чекање за излез од државата е исто така околу половина час. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.
Извор: АМСМ
фото: архива
Facebook Коментари