Лев банер Десен банер

АМСМ: Забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга-граничен премин „Ќафасан“

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга-граничен премин „Ќафасан“.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Куманово, Страцин, Крушево, Железнец, како и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. Поради обилните врнежи од дожд и честа појава на одрони на патните правци Делчево-Македонска Каменица-Истибања и Делчево-Пехчево на учесниците во сообраќајот им се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината кон условите на патот.

На магистралниот патен правец А3 Битола-Ресен на самиот влез на градот Ресен поради обилни врнежи од дожд и можно излевање на Голема Река, на учесниците во сообраќајот им се се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Исто така на патниот правец Р1307 Царев Двор-Стење поради обилните врнежи од дожд и можно излевање на локалните реки се препорачува крајно внимателно управување со возилата и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

Извор: АМСМ, фото: архива

StrugaOnline

error: