Лев банер Десен банер

АНАЛФАБЕТ на репертоар на Народен Театар Охрид

Во петок (15 декември) со почеток во 20.00 часот, на репертоарот на Народен Театар Охрид ќе се одигра хит комедијата „АНАЛФАБЕТ” , според текст на Бранислав Нушиќ, а во режија: Ѓорѓи Ризески.

Играат актерите на Народниот театар од Охрид:
Горан Стојаноски – Максим Благадуша
Никола Тодороски – Митре П. Клатипатлак
Стрезо Стаматовски – Румен Вујаклија,
Адријана Тодороска – Магдалена Лапајкоска – Дупева.

Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба на билетарата при Н.У.Ц.К. Григор Прличев – Охрид

Претставата не е за лица помлади од 14 години и во истата се користат пиротехнички средства.

Strugaonline

 

error: