Денес, во просториите на Europe House Струга, на покана на Центарот за развој на Југозападен плански регион, Валентина Переска, претставник на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, учествуваше на панел дискусија посветена на одбележувањето на Денот на Југозападниот плански регион.

Тема на настанот беше „Влијанието на рамномерниот развој, пристап кон одржлив урбан и рурален развој на општините“, а 9-те општини ги споделија предизвиците со кои се соочуваат на патот кон градење на конкуретни туристички дестинации.
Секоја од овие општини носи уникатни искуства, кои преку координиран пристап помеѓу општините, но и со другите релевантни институции ќе придонесат кон искористување на позитивните искуства и одржлив развој на туризмот.
Развој на алтернативните форми на туризам и креирање на регионална туристичка понуда, се чекорите кои ќе го водат регионот кон намалување на сезоналниот карактер на туризмот, баланс помеѓу потребите на современиот турист и економскиот и општествениот развој, со зачувувањена животната средина и културно историското наследство.
Регионот има огромен туристички потенцијал да продолжи да биде носител на туристичките текови во Македонија, кој со заедничка работа и иновации ќе продолжи да расте и да се развива.
Заедничка е констатацијата дека одржливиот туризам е нашата иднина, нашиот следен чекор во развојот на дестинациите, бидејќи има огромни придобивки за животната средина, општеството и локалните заедници.
StrugaOnline
Facebook Коментари