Артилериска граната од 75 милиметри пронајдена во двор од куќа во село Вишни

- Локални
637

На 14-ти август 2023 година, во 17:20 часот во ОВР Струга било пријавено дека во двор од куќа во струшкото село Вишни била пронајдена граната.

– Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за артилериска граната од Првата или Втората светска војна, калибар 75 милиметри. По преземени мерки, гранатата била безбедно подигната од овластено лице од Дирекцијата за заштита и спасување за натамошна постапка, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари