Австриска вечер на „Охридско лето“ со уметничка изложба и концерт на виенскиот квартет „Арпеџо“

- Локални
308

Австриската вечер во рамки на Фестивалот „Охридско лето“ носи две содржини и тоа уметничка изложба посветена на жените од Австрија и Северна Македонија, како и целовечерен концерт на Квартетот „Арпеџо“ од Виена.

Квартетот „Арпеџо“ го сочинуваат Леонард Фурда и Јохана Лакроа на виолина, Ентони Гилберт на виола, како и Мара Ахлајтнер на виолончело. Вчерва со нив ќе настапи и харфистката Тина Жердин.

Концертот ќе се одржи во катедралната црква „Света Софија“ со почеток од 21 часот.

Претходно од 19:30 часот, на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“, ќе биде отворена изложбата „Калиопе“ – Жените во општеството, културата и науката на Австрија и на Северна Македонија.

Како што е набеведено во описот, изложбата е израз на заложбата да се прикажат последнитеве 200 години во светлина на биографиите за значајни Австријки, жени што со талентот, силата на волјата, храброста и борбеноста ѝ дале печат на својата земја и ја збогатиле. Со целосна свест за празнините, кои се делумно скандалозни, овде егземпларно ќе им се оддаде почит на нивниот живот и на нивните дела, кои сочинуваат најмалку половина од духовниот идентитет на Австрија.

На изложбата хронолошки ќе се рекапитулираат животните приказни на аристократки, уметнички, домаќинки на салони, научнички, активистки за женските права, политичарки, актерки, музичарки, режисерки и други жени…

Strugaonline

Facebook Коментари