Балетското студио БАХ објави вонредни уписи за нови членови

- Локални
516

После малиот празничен одмор, студиото за танц ,,БАХ“ од понеделник повторно почнува со работа. Истовремено, тимот на студиото објави вонредни уписи за деца од пет до четринаесет години.

Ова е можност да станете дел од големото БАХ семејство и да ја почувствувате магијата на сцента.

Сите заинтересирани кандидати можат да се пријават на телефон  078 447 530, најдоцна до 20-ти јануари.

Ова е значајна година за Балетското студио БАХ, затоа што со несекојдневен концерт за кој што интензивно се подготвуваат, ќе прослават триесет години постоење, а во рамки на овој значаен јубилеј ќе има и други активности за кои ќе ве известуваме благовремено.

,,После големите успеси минатото полугодие , следуваат подготовки за два нови проекти. Едниот од нив јубилеен концерт за 30 години постоење на студиото. Не’ чека многу работа и напорни проби за стружани оваа пролет и лето да уживаат во танц и преубави настани.“-изјави Тања, кореограф и идеен творец на Балетското студио БАХ.

Таа додаде дека интензивно се работи на нови кореографии и костими и се развиваат идеји кои ќе ја доживеат својата реализација во рамки на двата проекти.

Strugaonline

 

Facebook Коментари