Балетското студио Бах континуирано работи на збогатување на своите знаења и вештини во областа на танцот.
Овој викенд во Струга доаѓа кореограф од Студиото за танц ,,Break а leg“ од Скопје , повеќекратни шампиони во хип-хоп кои со сениорите и јуниорите од ,,БАХ“ ќе одржат работилница на која баховки ќе се усовршуваат во областа на хип – хопот за потребите поврзани со новиот интересен проект што публиката ќе има можност да го види во јуни годинава.
,, Соработката со Студиото за танц ,,Break а leg “ и оваа работилница е дел од мојата визија за постојано унапредување на членовите на балетското студио Бах. Ова е прва од работилниците планирани за оваа година. Проектот што го подготвуваме за месец јуни ќе биде креативно изненадување за публиката, а ние секогаш се подготвуваме максимално.,, – изјави Тања, кореограф и идеен творец на Студиото за за танц БАХ.
Таа изрази благодарност до родителите на децата кои членувааат во балетското студио БАХ и сакаат нивните деца да се едуцираат на ова поле, како и на тимовите од Центар за клутура ,,Браќа Миладиновци“ –Струга, хотел ,,Дрим“ и хотел ,,Солферино“.
Strugaonline
Facebook Коментари