Балканскиот фестивал на народини песни и игри започнува на 2-ри јули во Охрид

- Локални
436
Со изложбата на фотофрафии ,,Моменти“ од Антонио Стојчески, на 2-ри јули во Охрид ќе започне 63-то издане на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.
Свеченото отварање е закажано за ден потоа, во 20:00 часот, кога на сцената на Долни Сарај концерт ќе одржи ансамблот за народини игри и песни на Македонија ,,Танец“.
На фестивалот што ќе трае до 5-ти јули ќе настапат културно уметнички друштва и фолклорни анцамбли од Македонија, Бугарија, Албанија и Австралија.
Настаните ќе се одржуваат во Центарот за култура ,,Григор Прличев“ и на сцента на Долни Сарај.
Ова е целосната програма :
02.07.2024 г.
20.00 часот Традиционална изложба
МОМЕНТИ – Изложба на фотографии од авторот Антонио Стојчески
03.07.2024 г.
19.00 часот, место: НУЦК “Григор Прличев” -Охрид – Дефиле
20.30 часот, место Долни Сарај
СВЕЧАНО ОТВОРАЊЕ НА ФЕСТИВАЛОТ со програмата на ансамблот за народни игри и песни на МАКЕДОНИЈА – “ТАНЕЦ”.
04.07.2024 г. Севернашки ансамбл од Р. Бугарија
04.07.2024 г. КУД Илинден од Битола, Р.С.Македонија
(Музичко сценскиот проект „На Панигир” – ора и песни од Јужномакедонска Етнографска целина)
04. 07.2024 г. ФА Љупчо Сантов од Оризари – Кочани, Р.С.Македонија (сплет на Ора од Осоговијата)
05.07.2024 г. Севернашки ансамбл од Р. Бугарија
05.07.2024 г. Фолклорно студио Блажески од Скопје, Р.С.Македонија
05. 07.2024 г. Фолклорен ансамбл Бисери од Охрид, Р.С.Македонија (Повардарие)
КУД “Круг” од Сиднеј и КУД “Бенџо” од Мелбурн, Австралија
ВЛЕЗ СЛОБОДЕН!
Место: Долни Сарај / 20.30 часот, aлтернативна сцена: голема сала во НУЦК “Григор Прличев”-Охрид.

Facebook Коментари