Баталјонот за специјални сили на АРМ ги започна вежбовните активности во Охрид

- Локални, Македонија
383

На подрачјето околу плажата „Бафало бич” во Охрид, припадници на Баталјонот за специјални сили на Армијата на РСМ ги започнаа вежбовните активности со употреба на атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Вежбовната активност ќе трае до 16:30 часот.

-Активностите се во рамки на финалната подготовка за утрешната тактичко-техничка показна вежба на Баталјонот за специјални сили на Армијата – препад на пловен објект и командно место, што ќе се реализира во 09 часот, на истата локација.-соопштија од СВР Охрид.

Додаваат дека во вежбата ќе биде вклучен и хеликоптер на воздухопловниот ВИНГ на Армијата.

СВР Охрид испрати апел до граѓаните кои  сакаат да ја проследат вежбата од означените места, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари