Базар на изработки „Облечи СИНО!“ за денот на аутизмот во Струга

- Локални
979

По повод Светскиот ден на Аутизмот, 2-ри aприл, Порака Нова и Црвен Крст Струга ЦКА-ПХВ организираат Базар на изработки „Облечи СИНО!„ во Мезебар Барабар.

Изработките се плод на едномесечна соработка помеѓу двете организации во рамки на проектот „Различни а исти„. Младите волонтери од ЦКА-ПХВ циклусот заедно со корисниците од Порака Нова поминаа прекрасно време во заеднички активности и дружба, а изработките ќе се презентираат пред граѓаните на Струга.

„Ве очекуваме во понеделник, 2 Април 2018, во 11:00 часот, во Мезебар Барабар, заедно да го одбележиме Светскиот ден на лицата со аутизам. ОБЛЕЧЕТЕ СИНО ЗА ПОДИГНУВАЊЕ НА СВЕСТА ЗА АУТИЧНИОТ СПЕКТАР НА НАРУШУВАЊЕ!“ – велат организаторите.

Strugaonline

Facebook Коментари