Базар со рачни изработки и локални деликатеси во сабота во Струга
Mлади креативци од југоисточниот регион оваа сабота во Паркот на поезијата ќе ги изложат за продажба своите дела во рамки на Базар организиран од страна на Europe House- Струга.

-На овој Базар ќе има локални деликатеси, уникатни рачни изработки од природни материјали, парчиња гардероба што ќе ве потсети на едно друго време, како и накит и модни додатоци за сечиј вкус-соопштија од Europe House Струга.
Додаваат дека настанот ќе биде збогатен со музички перформанс на Dj Tome Rootboy.
Базарот ќе трае од 15:00 до 20:00 часот.
Strugaonline
