Спојте ја вашата љубов кон фотографијата, местата кои ве инспирираат, луѓето кои секојдневно ги среќавате, вашите омилени активности и бидете дел од креативната активност „Фото-Лов. “
Најдобрите фотографии, ќе бидат отпечатени и изложени во Охрид, Струга, Дебар, Дебрца и Кичево.
Фотографиите можете да ги поставите или да ги испратите на Facebook и Instagram профилите на LDA Struga или на меил адресата [email protected], најдоцна до 10-ти јуни 2018.
Оваа активност е дел од проект „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор.
Проектот е финансиран од Европската Унија, истиот го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари