Локалната агенција за развој-Струга организира посета на најсовремениот TECH PARK во Македонија, место каде бизнис идеите се трансформираат во профитабилни бизниси.
„Запознајте се одблиску со вистинскиот свет на бизнисот и запознајте се со успешни бизнисмени од Тетово! Бидете дел од нашата посета на нај современиот TECH PARK во Македонија, место каде бизнис идеите се трансформираат во профитабилни бизниси. Oсвен тоа ќе имате можност да посетите и неколку други локални бизниси и организации и ќе се запознаеме со сопствениците и ќе ги слушнете нивните приказни и предизвици на патот до успехот.“ – мотивираат организаторите.
Оваа активност е наменета за млади од 16 до 25 години од Југозападна Македонија (Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Ресен и Битола) и ќе се случи на 29-ти јуни (петок).
Целта на оваа посета е учесниците да се запознаат со можностите кои ги нуди Технолшкиот парк во рамиките на УНИВЕРЗИТЕТОТ НА ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА во Тетово и да се запознаат со успешни претприемачи и иновативни бизнисмени.
Учеството е бесплатно и бројот на учесници е ограничен. Сите заинтересирани, повеќе информации можат да добијат на маил адресата [email protected] или на телефон 072590966.
Активноста се организира во рамки на грантот “ПОДОБРИ СЕ – ЗАЈАКНИЈА ТВОЈАТА ЗАЕДНИЦА”финансиран од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, кој се спроведува од страна на грантистот Локална агенција за развој – Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари