Билтен на МВР: Приведено лице од Струга кај кое полицијата пронајде бела прашкаста материја

- Локални
1280

На 12-ти септември 2023 година, во 14:40 часот на улицата „Глобочичка“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга лишиле од слобода 43-годишно лице од Струга.

– При преглед на патничко возило марка „Нисан“ со англиски национални ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.

Извор: МВР

Facebook Коментари