ОВР Струга поднесе кривична пријава против Д.М.(36) од струшкото село Лабуништа поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда при вршење семејно насилство”. Тој, на 26.01.2024 во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга.
На 06.02.2024, полициски службеници од СВР Охрид, го приведоа М.С.(54) од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во својот дом физички ја нападнал неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.02.2024 во 20.50 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.Н.(34) од Охрид кој, во семејниот дом во Охрид агресивно се однесувал кон членови на семејството а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари