
На 15.07.2024 во 17.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Даме Груев“ во Охрид, С.А.(69) од Охрид бил каснат од куче домашен миленик, сопственост на негов сосед. По документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
На 15.07.2024 во 20.00 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, приведен е Л.О.(70) од Охрид. Тој, претходно на пресекот на улиците „Марко Нестороски“ и „Питу Гули“ во Охрид со тврд предмет го нападнал Б.А.(48) од Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 15.07.2024 во 15.13 часот во СВР Охрид е пријавено дека на депонијата „Мауцкер“ во Охрид настанал пожар во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. На 15.07.2024 во 11.20 часот, во возило „мерцедес“, кое се движело по локален пат во селото Мешеишта, општина Дебрца, настанал пожар. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид
На 15.07.2024 во 21 часот во ОВР Струга е пријавено дека во Градскиот парк во Струга, едно лице физички го нападнало М.Д.(50) од Струга. Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари