На 24.06.2024 во 17.30 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Д.Т.(34) од селото Горенци, општина Дебрца. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со оружје, пронајдоа и одзедоа ловна пушка „црвена застава“ и три куршуми кои, нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.З.(21) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. При преглед извршен на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, полициските службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга, пронајдоа и одзедоа марихуана.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари