Билтен на СВР Охрид- Малолетник од Велгошти каснат од куче-скитник, Вработена во Основно училиште во Охрид физички нападната од страна на мајка на ученик….

- Локални
717

На 27-ми септември 2023 година, околу 18:40 часот во охридското село Велгошти, полициски службеници од СВР Охрид привеле 44-годишно лице од истото село затоа што се однесувал агресивно и го нарушил јавниот ред и мир.

– По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.

На 27-ми септември 2023 година, во 18:10 часот, малолетник од охридското село Велгошти, пријавил дека бил каснат од куче скитник.

Инцидентот се случил во селото, информираат од МВР.

На 27-ми септември 2023 година, во 11:20 часот во СВР Охрид, 55-годишна охриѓанка пријавила дека околу 10:35 часот на работното место во Основно училиште во Охрид била физички нападната од мајка на ученик во училиштето.

– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари