Билтен на СВР Охрид- Охриѓанец агресивно се однесувал кон сопругата, физички напад на ,,Туристичка“…

- Локални
598

На 18.01.2024 година во 00.40 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода А.И.(48) од Охрид кој, претходно агресивно се однесувал кон неговата сопруга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.01.2024 во 14.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека Г.Н. од охридското село Лескоец на булеварот „Туристичка“ во Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз И.Т.(31) од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.01.2024 во периодот од 09 до 14 часот на подрачјето на СВР Охрид, извршени се засилени контроли во патниот сообраќај. Притоа, полициските службеници во Охрид затекнаа и санкционираа 08 возачи на моторни возила кои извршиле престигнување на други возила на непрегледни места каде со сообраќаен знак тоа е забрането. Во Кичево, санкционирани се 15 возачи кои во населено место ја надминале дозволената брзина на движење.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари