
На 27.06.2024 година околу 20.30 часот, на магистралниот пат Гостивар-Кичево, кај месноста „Сатеска”, патнички автомобил „Рено Флуенце”, со охридски регистарски таблици, што го управувал З.Ј.(63) од Охрид, излетал од патот. Возачот и три лица-сопатници во автомобилот, со медицинско возило се пренесени во Општата болница во Кичево каде, кај сопатникот Б.Ј.(33) од Охрид, биле констатирани тешки телесни повреди. Возачот З.Ј. и вториот сопатник С.Ј.(61) од Охрид, се здобиле со телесни повреди додека кај третиот сопатник, М.С.(35) од Охрид, не биле констатирани повреди. Увид на местото на незгодата извршија полициски екипи.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Д.(41) од охридското село Долно Лакочереј како и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ Даночно затајување”. А.Д., во својство на управителка на правното лице, во текот на 2023 година, свесно и намерно не ги пријавувала сите остварени приходи, внесувала лажни податоци за приходите на правното лице и уплаќала помала сума парични средства од вистинската. При контрола извршена од УЈП, кај правното лице констатирани се неправилности, односно кусок во износ од 753.190 денари.
Facebook Коментари