Билтен на СВР Охрид: Охриѓанец нападнат со стаклен предмет, пожар на отворен простор помеѓу селата Волино и Мороишта..

- Локални
365

На 06.08.2024 во 13.05 часот во СВР Охрид е пријавено дека пред продажен објект на улица „Галичица“ во Охрид нарушен е јавниот ред и мир со расправија помеѓу А.М.(44) и Д.П.(40), двајцата од Охрид, при што А.М. со стаклен предмет го нападнал Д.П.. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.08.2024 во 13.00 часот во туристичкиот комплекс ,,Инекс“ во Охрид, полициски службеници го приведоа Р.С.(22) од Сојузна Република Германија. Тој, пливајќи покрај брегот на езерото, излегол од водата и неовластено се упатил кон објект сопственост на државен орган. По целосно документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 06.08.2024 во 15.42 часот во СВР Охрид е пријавено дека на отворен простор со нискостеблеста вегетација, помеѓу селата Волино, општина Дебрца и Мороишта, општина Струга, настанал пожар кој зафатил и нива со овошни насади. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.

На 07.08.2024 во 21.40 часот на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Теферич, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Н.Ф.(49) од селото Радолишта затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.08.2024 околу 12.50 часот на кеј „Борис Кидрич“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги приведоа Г.В.(28) и Г.В.(48), двајцата од струшкото село Велешта, затоа што со П.В.(61) од истото село и едно лице од село Делогожда го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка со А.Р.(31), Р.А.(53) и А.А.(29), сите од Скудриње, општина Маврово и Ростуше.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари