Билтен на СВР Охрид: Полицијата пронајде марихуана кај две лица, физичка пресметка во Боровец…

- Локални
301
На 16.07.2024 во 19.15 часот, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го приведоа Л.Д.(25) од струшкото село Корошишта. При преглед во неговото возило, извршен кај местото „Мороишки мост”, општина Струга, била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.07.2024 во 23.45 часот на улица „Нико Нестор” во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го приведоа В.М.(24) од Струга. Тој, откако ги забележал полициските службеници, фрлил ќеса со марихуана и дробилка, кои биле пронајдени и одземени. По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 16.07.2024 во 04.30 часот во ОВР Струга е пријавено дека Б.Х. и М.Х. од струшко село, физички нападнале членови на семејството. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

На 16.07.2024 во 18.00 часот во полициското одделение Велешта, општина Струга, било пријавено дека кај месно викано „Равење”, атар на селото Боровец, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Т. и К.Н.(63), двајцата од истото село, при што биле употребени остри предмети од кои Ј.Т. се здобил со повреди. По целосно документирање на настанот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари