СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(22) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. При преглед извршен на булеварот „Туристичка” во Охрид, полициските службеници кај него пронајдоа и одзедоа марихуана.
На 04.07.2024 година во 12.00 часот на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на планинскиот превој „Стража”, патничко возило „опел корса”, со скопски регистарски ознаки, што го управувала С.Г.(38) од Охрид, удрило во пешакот Б.П.(22) од Скопје. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Гостивар. Увид на местото на несреќата извршија полициски екипи.
На 04.07.2024 година во 14.50 часот на улицата „ЈНА” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода М.С.(45) од Охрид. При преглед извршен во неговото патничко возило „хонда акорд” со охридски регистарски ознаки, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
фото: архива
Facebook Коментари