Билтен на СВР Охрид-Пожар во село Теферич, физички напад во Охрид, Сообраќајка во Охрид, возачот избегал од местото на настанот…..

- Локални
1568
На 30.10.2023 година во 15.45 часот, на улицата „Петар Чаулев“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од Т.Р.(47) врз В.К.(43), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.10.2023 година во 14.35 часот, на булеварот „АСНОМ“ во Охрид, приведен е С.Ѓ.(28) од охридското село Велестово. Приведувањето е извршено врз основа на писмена наредба од Основниот суд во Охрид по што е спроведен во казнено поправната установа „Затвор“-Струга за издржување затворска казна од шест месеци.
На 30.10.2023 година во 21 часот, на улицата „7 ноември“ во Охрид, патнички автомобил „Рено“ со охридски регистарски ознаки, удрил во паркирана мобилна работна машина марка „Јан-Мар“, Возачот на првото возило избегал и го оставил на местото на незгодата, а екипа на Итната медицинска помош, покрај истото  го пронашла сопатникот А.Д.(39) од Охрид кој, веднаш е пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Поради констатирани тешки телесни повреди, тој е задржан на понатамошно лекување. По овластување на јавен обвинител, увид на местото на незгодата, извршија полициски екипи. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот на првото возило кој избегал од лице место.
На 30.10.2023 година во 13.30 часот, во ОВР Струга пријавено е дека на нива со нискостеблеста вегетација, лоцирана во атарот на струшкото село Теферич, настанал пожар во кој нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари