Билтен на СВР Охрид: Притвор за тројца охриѓани, полицијата кај еден од нив пронајде кокаин и марихуана, физички напад пред ноќен клуб во Охрид…

- Локални
465

На 25.06.2024 година во 15.45 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на 24.06.2024 година околу 03.30 часот, пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка” во Охрид, едно лице физички го нападнал Д.Ш.(21) од Охрид. Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 25.06.2024 година во 14 часот во СВР Охрид, Ј.С.(31) од Битола, пријави дека на локален пат во близина на охридското село Љубаништа, била касната од куче скитник.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(24) и А.М.(25), двајцата од Охрид како и против А.П.(24) од охридското село Куратица, поради постоење основи на сомнение дека сите заедно сториле кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” а А.П. го сторил и кривичното дело „Спречување на докажување”. На 14.06.2024 година во 21.55 часот, полициски службеници од одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, на улицата „130″ во Охрид, извршија преглед во помошен објект што го користел А.М. и притоа пронајдоа предмети со траги како и опаковки со кокаин и марихуана што претходно ја набавиле К.М. и А.П. наменети за натамошна препродажба на наркозависници. При прегледот, А.П. се обидел да уништи дел од пронајдените опаковки. Тројцата беа лишени од слобода а судија на претходна постапка им изрече мерка притвор во траење од 30 дена.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари