Билтен на СВР Охрид- Приведен албански државјанин во Струга, физички ја нападнал неговата партнерка, кривична за стружанец кој нелегално поседувал пушка

- Локални
1382

На 02.11.2023 во 00.10 часот во ОВР Струга лишен од слобода е Д.У.(42) од Елбасан, Република Албанија. Тој, претходно, во куќа во Струга каде привремено живеел физички ја нападнал неговата 46 – годишна партнерка од Струга. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Г.А.(35) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи”. При претрес, извршен по судска наредба во куќа во селото Лабуништа, каде што повремено прстојувал, полициските службеници пронашле и одзеле една ловечка пушка „Црвена застава” калибар 12 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари