На 30.03.2024 година во 11 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е С.К.(29) од Охрид кој, претходно бил агресивен кон членови на неговото семејство. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.03.2024 година во 01.20 часот во СВР Охрид, приведен е Љ.З.(41) од Охрид кој претходно, на булеварот „Македонски просветители” во Охрид, физички го нападнал С.Т.(26) од Охрид а потоа, со И.М. физички го нападнале К.Н. (31), двајцата од Охрид.. По целосно расветлување и документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 30.03.2024 година во 14.40 часот, во куќа лоцирана во охридското село Долно Лакочереј, сопственост на С.Ц. од истото село, настанал пожар. Повредени лица нема а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид.
На 30.03.2024 година во 21.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, на фудбалски терен каде се одигрувал фудбалски натпревар во рамките на општинска фудбалска лига Охрид, едно лице, физички го нападнал главниот судија. По целосно расветлување на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена пријава според Законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревар.
На 31.03.2024 година во 05.50 часот, на булеварот „Железничка” во Охрид, приведен е С.Г.(23) од селото Велмеј, општина Дебрца. Тој претходно, бил агресивен и ги омаловажувал полициските службеници, кои преземале службени дејствија. Против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари