На 06.07.2024 година околу 14 часот, во СВР Охрид лишен од слобода е Д.Ѓ.(40) од Охрид кој претходно, на улицата „Јане Сандански” во Охрид, по вербална расправија, со остар предмет го повредил Н.С.(39), од Охрид. Повредениот е пренесен во Општата болница во Охрид каде, е задржан на понатамошно лекување. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 06.07.2024 година во 21.40 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, Е.Р.(32) од Скопје, при фотографирање до металната ограда на паркингот кај туристичкиот комплекс „Залив на коски” во близина на охридското село Пештани, паднала и се здобила со тешки телесни повреди. Таа, со возило на Итната медицинска помош е пренесена во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде, е задржана на понатамошно лекување.
На 07.07.2024 година во 01.05 часот, на улицата „Карпош Војвода” во Охрид, се случила вербална расправија помеѓу М.М.(51) и 17 годишно лице, двајцата од Охрид која прераснала во меѓусебна тепачка. По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Facebook Коментари