На 24-ти септември 2023 година, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 43-годишна жена од Република Србија која се сомничи дека околу 08:00 часот физички нападнала 42-годишна охриѓанка пред угостителски објект во Охрид, во кој работела.
– Таа била задржана во Полициска станица и по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 25-ти септември 2023 година, во 01:45 часот во Полициската станица Струга, 35-годишна жена од струшкото село Мислодежда, пријавила дека околу 00:40 часот нејзиниот поранешен сопруг физички го нападнал нивниот малолетен син и му барал пари.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари