Билтен на СВР Охрид-Тешко повредена охриѓанка, паднала од мопед… кривична пријава за двајца охриѓани, полицијата пронашла марихуана во возилото во кое се превезувале

- Локални
268

На 14.07.2024 во 21.00 часот, на булеварот „Туристичка” во Охрид, А.Ѓ.(42) од Охрид, управувајќи мопед со охридски регистарски ознаки, изгубила контрола и паднала на коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Ѓ. констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо” во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Е.Ш.(44)  од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” и против П.Т.(25) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги”. При преглед извршен во патничко возило „фолксваген голф”, во кој се превезувале пријавените, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, пронајдоа и одзедоа марихуана.

На 14.07.2024 во 13.30 часот на улицата „Партизанска“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го приведоа Љ.Х.(25) од струшкото село Калишта затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеник кој вршел службени дејствија. По документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари