Билтен на СВР Охрид за 06.08.2023

- Локални
842

На 06.08.2023 околу 13.00 часот во СВР Охрид, пријавено е дека на свадбена веселба во двор на улицата „Петрино“ во Охрид, К.Б.(60) од Охрид, кој бил гостин, испукал неколку куршуми од пиштол „Застава“ калибар 7,62 милиометри. Притоа, И.С.(39) Охрид и неговиот малолетен син се здобиле со повреди, констатирани во Општа болница во Охрид. Полициски службеници од СВР Охрид извршија увид, при што од К.Б. одзедоа пиштол „Застава м57“ калибар 7.62 мм, пиштол „ЦЗ 99, карабин „Југословенски маусер“, ловечка пушка „Бајкал“ и дозвола за оружјето. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 06.08.2023 во 15.45 часот во СВР Охрид,  пријавено е дека на булеварот „Македонски просветители“  во Охрид, К.С. од Охрид, физички нападнал 17 – годишник од Тетотво. По целосно документирање на случајот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари