Билтен на СВР Охрид за 11-ти мај

- Локални
491

На 11.05.2023 година во 20.30 часот, на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од ОВР Струга, сопреле патничко возило „Сеат Кордоба“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ш.(38) од Скопје. При преглед во возилото, пронајдена и одземена е една најлонска кеса со опојна дрога Марихуана. Тој е лишен од слобода и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.05.2023 околу 17 часот, во ОВР Струга, приведен е А.Н (52) од струшкото село Велешта. Тој, претходно, по случена сообраќајна незгода на улицата „Боро Хаџиевски Путе“ во Струга, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон другиот учесник во незгодата а потоа и кон полициските службеници кои преземале службени дејствија. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари