Билтен на СВР Охрид за 18-ти и 19-ти јуни

- Локални
477

На 18.06.2023, полициски службеници од СВР Охрид ги лишија од слобода Ц.М.(62), З.К.(49) и Г.К.(49), сите од Охрид. Меѓу нив, според пријавеното, во куќа лоцирана на улица „Даме Груев“  настанала расправија во која, Ц.М. физички ,а потоа и со метален предмет го нападнал З.К., по што од пиштол испукал еден куршум. Повредени лица нема, а по целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 18.06.2023 во периодот од 15.00 до 21.00 часот, при преземени сообраќајни контроли на подрачје на СВР Охрид, полициските службеници затекнале и санкционирале 57 возачи кои управувале моторни возила со брзина поголема од дозволената (Охрид-15, Струга-18, Кичево-24).

На 19.06.2023 во 08.55 часот на граничниот премин „Ќафасан“, полициски службеници го лишија од слобода А.П.(56) од Фиторе, Република Албанија затоа што при извршени проверки и контрола било констатирано бил баран од Интерпол. Лицето било спроведено до ОВР Струга за натамошна постапка.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари