На 25-ти април 2023 година, во 11:30 часот во СВР Охрид било пријавено дека околу 11:30 часот во Основен суд Охрид, лицето Д.Г. агресивно се однесувало кон судски полицаец кој извршувал службени дејствија, при што упатил и закани.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
На 25-ти април 2023 година, во 21:00 часот СВР Охрид, 49-годишен охриѓанец пријави дека во семејниот дом бил физички нападнат од неговиот син Б.Ј.
– Се работи на расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
На 25-ти април 2023 година, во 18:45 часот во СВР Охрид, 33-годишен маж од Охрид пријавил дека околу 17:20 часот во угостителски објект во Охрид, лицата Б.М., А.А. и Н.А., сите од Скопје и уште неколку лица физички го нападнале и му го одзеле клучот од неговото патничко возило „Фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки.
– Според пријавеното, при нападот Б.М. го удирал со пиштол. Како што е пријавено, лицата му барале пари за наводен долг, за кој изјавил дека го вратил, а откако не им дал пари го нападнале. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари