На 3-ти мај 2023 година, околу 00:15 часот на улицата „АСНОМ“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го привеле 34-годишниот Л.Р. од Охрид затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија.
– По документирање на случајот против Л.Р. ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
На 2. мај 2023 година, во 19:57 часот во СВР Охрид, 67-годишната С.К. од Охрид, пријавила дека околу 19:50 часот пред влезната врата од нејзиниот дом дошло едно машко лице, кое ѝ побарало пари, а откако не му дала ѝ упатило закани и заминало.
– Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат од СВР Охрид.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари