Билтен на СВР Охрид за 31.07

- Локални
403
На 31.07.2023 во 02.00 часот пред угостителски објект на Спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода С.К.(25) од Охрид затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници кои преземале службени дејствија, по што се обидел да избега со своето возило „фиат”. Притоа, кај него биле пронајдени и одземени нож, пиштол и 104 дијаболи кои нелегално ги поседувал. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 31.07.2023 околу 02.00 часот на плажа во близина на Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Б.Т.(34) од Охрид. При преглед во возилото „бмв” со охридски регистарски ознаки, кое го управувал, полициските службеници пронашле и одзеле кокаин и марихуана. Подоцна, при претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и метален грендер со остатоци од марихуана. Тој бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook Коментари