Билтен на СВР Охрид за настани од 16.01.2023

- Локални
1058

На 16.01.2023 година во 15.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на булеварот „Туристичка“ во Охрид бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад извршен од  Б.Х. од Струга заедно со уште две лица, врз М.А.(42) од Охрид. По целосно документирање на случајот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

На 16.01.2023 година во СВР Охрид приведен е М.Д.(28) од Прилеп. При претрес извршен со судска наредба во стан во Охрид што тој привремено го користел, полициските службеници пронајдоа и одзедоа предмети со остатоци од марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Т.В.(65) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“. Тој на 10.12.2022 година, на улицата „Кленоец“ во Охрид, со метален предмет го нападнал Љ.Т. од Охрид.

СВР Охрид до ОЈО Струмица поднесе кривична пријава против З.П.(56) од Струмица, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“.  Тој на 24.06.2022 година на текст од портал објавен на социјалната мрежа Фејсбук, објавил коментар со недолична содржина, со што промовирал и поттикнувал омраза и насилство.

Facebook Коментари