Билтен на СВР Охрид за настани од 25-ти јуни

- Локални
406
На ден 25.06.2023 година, во СВР Охрид лишен од слобода е Р.К.(51) од Охрид кој, претходно,  во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Б.М.(26) од скопското село Горно Врановци, А.А.(22) од Арачиново и Н.С.(29) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „разбојништво”. Тие, на 25.04.2023 година, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, во ноќен клуб во Охрид, физички го нападнале Д.Т. од Охрид по што Б.М. со пиштол го удрил во пределот на главата и, му го одзеле неговото моторно возило.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари