Билтен на СВР Охрид-Жена од Франгово нападната пред угостителски објект во Струга, стружанец нападнал сограѓанин на улица „Боро Калајџиески”

- Локални
411

На 17.07.2024 во 11.30 часот, во ОВР Струга е пријавено дека, на 14.07.2024 околу 18.00 часот на улицата „Боро Калајџиески” во Струга, Г.Б. физички го нападнал Ј.М.(39), двајцата од Струга. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 17.07.2024 во 21.00 часот, пред угостителски објект на кејот на реката „Црни Дрим”, едно лице физички ја нападнало Ф.К.(36) од струшкото село Франгово. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид
фото: архива

Facebook Коментари