На 20.03.2024 во 16.40 часот на улица „Браќа Миладинови” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишија од слобода Б.Ш.(49) од струшко село затоа што претходно во семејниот дом физички ја нападнал неговата сопруга. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 20.03.2024 во 11.15 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар на површина со трска во државна сопственост покрај брегот на Охридското езеро на патот помеѓу Струга и струшкото село Калишта. Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга. По наредба на Јавен обвинител увид извршија полициски екипи.
Извор: СВР Охрид
Facebook Коментари