
На 29.01.2025 во 16.00 часот на улицата „ЈНА” во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги приведоа В.С.(29), Д.П.(54) и К.К.(42), сите од Охрид. Тие, претходно пред продажен објект на истата улица го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 29.01.2025 во 21.10 часот во струшката населба „Плитишта”, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при ОВР Струга го лишија од слобода П.Г.(46) од Струга затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари