Во рамки на драмската програма на фестивалот „Охридско лето“ вечерва од 19:30 часот на сцената на „Долни Сарај“, Народниот театар – Битола премиерно ќе ја изведе претставата „Галеб“ од А. П. Чехов, во режија на Багријана Попов.

-Во оваа претстава ја истражуваме улогата на езерото и животната средина во корелација со животите на луѓето. Галебот прикажува една еколошка средина во која што езерото, човечките односи, љубовта, животот и дивиот свет се меѓусебно поврзани и кревки. Млад човек живее покрај езеро, во провинции, изолиран. Тој сонува да биде уметник. Младата жена во која е вљубен сонува да биде актерка. Неговата мајка е позната актерка. Нејзиниот љубовник е познат писател. Оваа прекрасна, нежна претстава нè води во светот на уметноста, љубовта, сонот за слава и болната реалност на животот.-стои во информацијата од ,,Охридско лето“
Улогите во претставата ги толкуваат: Јулијана Мирчевска, Илија Волчевски, Огнен Дранговски, Катерина Аневска-Дранговска, Васко Мавровски, Соња Ошавкова, Леонида Гулевска, Александар Димитровски, Живко Борисовски, Валентин Дамчевски и Дарко Велкоски. Сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата е на Благој Мицевски, а музиката ја напиша Александар Димовски.
Strugaonline
Facebook Коментари