Богата програма за Денот на Охридското Езеро во Охрид

- Локални
140

Со богата програма годинава ќе се одбележи Денот на Охридското Езеро, од 20-ти до 22-ри јуни 2025 година, ќе има програма со културни настани, еко-акции, промоција на нуркачка опрема, регати, прошетки со брод, панел дискусии и многу повеќе.

Започнува во петок, на 20-ти јуни на плоштадот „Долна порта“ каде ќе се одржи изложба на фотографии од Охридското Езеро и настап на Даниел Јовески со почеток во 13:00 часот.

Во сабота на 21-ви јуни, ќе се одржи еколошка акција на потегот Канео-Лабино-Градска плажа-Стар град, презентација на нуркачка опрема и изложба на подводни фотографии кај споменикот „Фаќач на крст“ од 10:00 часот, регата „Заедно за иднината на езерото“ кај плажата „Горица 1“, поетско читање „Слушни го езерото“, со поети од Охрид, Поградец и Струга на платото пред Центарот за култура „Григор Прличев“. На плоштадот „Долна порта“, во периодот од 13:00 до 16:00 часот ќе се одржи музичкиот фестивал Balkan Music Square со настапи на Дамјан Пејчиноски, Николче Мицевски, група „Љубојна“ и Алба Дајлани од Албанија.

Во недела кај плажата „Горица 1“ ќе се одржи втората регата „Заедно за иднината на езерото“ и доделување на награди.

StrugaOnline

Facebook Коментари