„Боград Детската Трка“ – насмевки, поддршка и инспирација во Струга
На 20 септември 2025 година, во Струга се одржа „Боград Детската Трка“, посветена на децата со ретки болести, во организација на Здружението „Дрим Актив“. Настанот помина во прекрасна атмосфера, со многу деца кои со насмевки и радост ја исполнија трката.
Со симболично бојадисување на рачиња, учесниците ја испратија својата порака за поддршка на ретките – силните мали херои кои заслужуваат да бидат слушнати и видени.
Најголем херој на денот беше Роман, кој со својот дух и енергија на сите им покажа дека – можеме ако сакаме.
„Боград Детската Трка“ ја потврди пораката дека спортот е моќна алатка за подигање на свеста и за градење заедништво, а децата – најчистата инспирација за сите нас.
StrugaOnline

