Болницата ,,Свети Еразмо“ со нова опрема ги подобри условите за пациентите кои имат потреба од хидротерапија

- Локални
646
Центарот за развој на Југозападен плански регион, во рамки на проектот „Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“, ги заврши активностите за набавка и мотажа на опремата за потребите на ЈЗУ специјализиранта болница за ортопедија и трауматологија Св.Еразмо.
Центарот за физикална терапија се збогати со  две кади за електротерапија за цело тело, единица за криотерапија и Хидрауличен лифт за базен.
-Ова опрема дирекно ќе влиаје врз подобрувањето на условите за сите пациенти кои имат потреба од хидротерапија, со цел, подобрување на услугите за хидромасажа и олеснување на пристапот до базенот и за пациенти кои имаат поголеми потешкоти при движење.-информираат од Центарот за развој на Југозападен плански регион.
Проектот „Опремување на современ центар за физикална терапија во болницата Св.Еразмо“, е финансиран од на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерство за локална самоуправа и кофинансиран од страна на ЈЗУ Св.Еразмо.
Strugaonline

Facebook Коментари