Божица Дејкоска и Андреј Симоновиќ од ООУ ,,Браќа Миладиновци“ освоија второ место на интернационален натпревар DO YOUR BIT

- Локални
589
Учениците Божица Дејкоска и Андреј Симоновиќ од ООУ ,,Браќа Миладиновци“ , под менторство на наставничката Викторија Попоска, на годинешниот интернационален натпревар DO YOUR BIT во конкуренција од илјадници учесници од целиот свет,освоија второ место за Европскиот регион, во категоријата micro:bit solutions.
-Тие преку својот проект “Removal of toxic stains from the water surface”, дојдоа до чудесни, иновативни решенија за остварување на глобалните цели и ги решија проблемите со кој се соочува светот.-информираат од тимот на училиштето.
Strugaonline

Facebook Коментари